Waldorf Astoria - Park City Utah

За работодавачот
Waldorf Astoria хотелот се наоѓа во Park City во Utah и е на 2000 метри надморска височина. Тој е град кој е познат по зимската и летната сезона и нуди исклучителна понуда на денови и ноќи исполнети со првокласна храна, бескрајна рекреација и забава. Тој е исто така познат по луксузните спа центри и хотели со 5 звезди каде што гостите можат да се опуштат во зима и во лето. Ресторани од светска класа, прекрасни ски терени, концерти и активности на отворено, се само дел од активностите и работите што Park City може да понуди. Оддалечен е на само 35 минути од Salt Lake City и е дел од познатиот Olympic Park. Овој работодавач ги привлекува студентите поради повисоката саатница и поголемиот број на работни часови преку целата сезона и нормално добрата заработка. Оваа работна понуда е за сите што ја сакаат природата, се љубители на планинските пејсажи и ги привлекуваат спортовите како: планинарење, пешачење, кајакарење, возење велосипед низ стрмните терени, лов и риболов и слични активности. Првиот хотел од групацијата Waldorf Astoria е отворен во New York во далечната 1893 година под името Waldorf Hotel на аголот од 5-тата авенија и 33-та улица на Manhattan од страна на милионерот William Waldorf Astor, кој бил проектиран и дизајниран од познатиот архитект Henry Hardenbergh. Ќе имаш можност да уживаш во сите убавини што ги нуди ова прекрасно место!

Локација
Park City, Utah се наоѓа во близина на Salt Lake City, кој што е познат по одржувањето на зимските олимписки игри во 2002 година и е најгусто населениот град во државата Utah со преку 200 илјади жители. Park City е еден од најпосетените градови за време на летниот и зимскиот период и претставува топ дестинација за многу луѓе од цела Америка но и голем број од жителите на Salt Lake City го посетуваат за време на викендите. Тој е за сите љубители на природата и планинските спортови. Градот Salt Lake City претставува спој помеѓу повеќе култури и изобилува со шопинг центри, знаменитости, музеи и слично, кој секој студент треба да го посети за време на престојот во САД.

Зошто да работиш таму
– работодавачот е светски познат хотел со 5 звезди и вработува мал број студенти од Македонија и балканот;
– ќе имаш обезбедено сместување од страна на работодавачот;
– сместувањето се наоѓа во близина од неколку стотина метри од работата;
– другите ресторани и хотели се наоѓаат на само 20-25 минути пешачење од сместувањето;
– ќе имаш можност за поголема заработка;
– ќе имаш можности да си најдеш втора работа;

Какви знаменитости има во регионот
Ако го избереш овој работодавач ќе можеш да ги посетиш - Salt Lake City (како и околните попознати градови и места), Los Angeles, Las Vegas, San Diego, San Francisco, кои се на само 8-10 часови возење од местото каде ќе бидеш. Бидејќи местоположбата ти дава можност да го посетиш " West Coast" поради малата оддалеченост ние ти препорачуваме да го направиш тоа бидејќи можеш летот за назад да си го резервираш од Los Angeles или од San Francisco. Не ти е доволно за едно лето? Тогаш можеш да си ја резервираш картата за враќање од New York и така ќе можеш да го посетиш и "East Coast" и да направиш еден куп фотографии и создадеш спомени со кои ќе се гордееш и фалиш пред твоите колеги и другари. Зарем ова не е доволна причина да го избереш како твој примарен работодавач.

Houseperson

Почетни датуми: 25 мај - 10 Јуни
Крајни датуми: 20 сеп – 30 сеп
Сместување: $75 на седмица
Бакшиш: да
Локација: Park City, UT

$12.00 на час + бакшиш

Опис на позицијата: Расчистување на хотелските соби, исфрлање на отпадоците, носење на постелнината во перална, асистенција на housekeeping персоналот и друго
Особености: Mожност за прекувремени часови, можност за втора работа, сте сместени само на неколку стотина метри до работата.

Housekeeper

Почетни датуми: 25 мај - 10 Јуни
Крајни датуми: 20 сеп – 30 сеп
Сместување: $75 на седмица
Бакшиш: да
Локација: Park City, UT

$12.00 на час + бакшиш

Опис на позицијата: Чистење и подредување на хотелски соби и на соседните територии како ходници и скали. Се бара внимание кон детали. Често се добива и бакшиш.
Особености: Mожност за прекувремени часови, можност за втора работа, сте сместени само на неколку стотина метри до работата.