WORK AND TRAVEL ЗА СТУДЕНТИ ВО СТРАНСТВО

АКО УЧИШ ВО СТРАНСТВО, МОЖЕШ ДА УЧЕСТВУВАШ ВО WORK AND TRAVEL ВО САД СО ВИКИНГ

Доволно е само да си редовен студент и да имаш желба да го направиш тоа. Предностите да се запишеш со Викинг се многу – ние ќе се погрижиме за се од далечина, ќе можеш да патуваш со твоите пријатели, независно дали учат со тебе, во друга држава или во Македонија. Ќе ти дадеме можност да избереш помеѓу стотина работни понуди, ќе се погрижиме за сите документи за работната дозвола и визата, така што работите да се одвиваат максимално брзо и лесно. Притоа – без да е потребно твоето лично присуство.

КАКО СЕ ОДВИВААТ РАБОТИТЕ?

1. Регистрација и аплицирање во програмата

Можеш да се регистрираш онлајн, одзема не повеќе од пет минути. Покрај тоа потребно е да ги ни доставиш по електронски пат следниве документи:

  • Копија на страницата со лична информација од пасошот
  • Копија од студентскиот индекс или електронска картичка
  • Потврда од универзитетот, која покажува дека си со редовен студентски статус

Откако ја потврдиме информацијата и твоето учество во програмата, потребно е да го уплатиш првиот депозит за учество во програмата во износ од 200 евра и обработка на документите 1990 денари. Може да уплатиш по банкарски пат од странство или во некоја од банките во Македонија лично или преку твој близок.

2. Наоѓање на работа

Како што знаеш, има многу начини за наоѓање на работа. Ако не сакаш да се замараш да го правиш тоа сам, имаш неколку можности:

- На среедба со американски работодавачи во Скопје. Ако си во Македонија тоа време може да учествуваш во некоја од средбите и да се сретнеш лично со идниот работодавач. Но ако не си во државата и ти се допаѓа понудата – извести не и можеби ќе најдеме начин да ти биде направено индивидуално интервју преку скајп.

-Да добиеш работа преку онлајн интервју – за таа цел треба да ги следиш работните понуди што се за Virtual Hire и кога нешто ти се допаѓа да не известиш нас. Ние ќе ти организираме скајп интервју со работодавачот кој што го имаш одбрано во време кое тебе ти одговара.

-Кој начин и да го избереш можеш да сметаш на асистенција и совети од нашите консултанти. Ако сакаш да патуваш со пријател ние ќе направиме така да добиете работа кај еден ист работодавач.

3. Добивање на работната дозвола

- Откако веќе имаш работна понуда, ќе ги подготвиме твоите документи за издавање на работната дозвола. Тоа е и моментот кога треба да ја доплатиш и останата сума за програмата.

4. Виза

- Откако ја добиеме работната дозвола ќе ти ја испратиме. Твоето интервју за виза ќе биде во државата каде што студираш. Ние ќе ти испратиме насоки за тоа каква е процедурата и што треба да направиш, како и ќе би пополнме наместо тебе потребните документи и формулари.

5. Авионски билет и патување

- Ние ќе ја направиме резервацијата за авионскиот билет, така што ќе може да леташ како од Скопје така и од местото каде студираш. Ако патуваш со пријатели – ќе направиме за да летате заедно.

-За сите детали за програмата и начините да се оствари можеш да сметаш на целосна помош од наша страна. Едноставно јави ни се, а ние ќе ти одговориме и помогнеме.