ШТО Е WORK AND TRAVEL?

Work and Travel USA е програма за културна размена, создадена и управувана од Државниот департмент на САД која им дава можност на учесниците да станат дел од американската култура и начин на живот. Целта на програмата е: да го подобрите вашиот англиски јазик, да стекнете нови знаења и животно искуство , да посетите светски познати места и градови. Програмата е уникатна, бидејќи ти дава можност да добиеш Ј1 виза полесно, дозвола за работа DS 2019 и да бидеш многу повеќе од само турист во земјата.

програмата се спроведува за време на летниот распуст на студентите и како нејзин учесник имаш право да работиш до 4 месеци, во период од 15 мај – 30 септември и да останеш во САД како турист уште 30 дена по завршување на работниот период. Ти сам избираш дали да работиш 2, 3 или 4 месеци;

по завршувањето на програмата треба да се вратиш во Македонија, но нема ограничување колку пати можеш да учествуваш повторно, доколку си редовен студент;

пред да ти биде издадена J1 визата и да заминеш за САД, треба да имаш осигурена работна понуда кај американски работодавач, која треба да одговара на целите и условите на програмата. Можеш да си ја најдеш сам или да учествуваш во организираните интервјуа со американски работодавачи од страна на нашите партнери;

учеството во програма Work & Travel USA е возможно само преку лиценцирани организации од страна на Државниот департамент на САД – т.н. „спонзори“ и Викинг како нивен претставник.

КОИ СЕ ПРИДОБИВКИТЕ АКО СЕ ЗАПИШАМ ВО ПРОГРАМАТА?

Да имаш можност и право да заминеш на студентската програма Work and Travel во САД и да не го направиш тоа е нешто, кое со сигурност може да се определи како пропуштена шанса. Предностите на тоа да поминеш едно лето во Америка со сигурност се неспоредливо многу повеќе, отколку ако избереш да го поминеш во Македонија па дури и да си преку целото лето во некои од блиските туристички места.

ЌЕ ЈА ДОЖИВЕЕШ АМЕРИКА ТАКВА, КАКВА ШТО Е!

Програмата ти дава уникатна шанса да ја видиш не само преку призмата на Холивуд, а и преку собствената. Да научиш повеќе за тоа како работат, живеат, се веселат и празнуваат американците. Да видиш некои од најпознатите места во светот, да уживаш во уникатната природа, да бидеш дел од американските празнувања и фестивали, да отидеш во забавен парк, да земеш кола под наем и едноставно да се возиш по бескрајните американски патишта – сето тоа и уште многу се работи кои што навистина имаат смисла да ги направиш и доживееш!

ЌЕ ЗАРАБОТИШ ПАРИ

Една од основните предности на програмата е, што ќе можеш сам да заработиш пари, кои ќе ги инвестираш во неа, како и доволно, за да патуваш и посетиш различни градови и места.

ЌЕ СТЕКНЕШ ИСКУСТВО

Се повеќе фирмите барат луѓе со меѓународно работно искуство. Да си бил дел од тимот на американска компанија со сигурност е нешто, кое ќе ти помогне многу за твојот иден професионален развој.

ЌЕ БИДЕШ САМОСТОЕН

Една од најголемите придобивки од програмата, споделени од нашите клиентите е можноста да живеат 5 месеци самостојно, далеку од познатото, да работат и да се справат сами со сите предизвици, кои ќе се појават пред нив.

ЌЕ ИМАШ НОВИ ПРИЈАТЕЛИ

За време на програмата ќе сретнеш многу луѓе од цел свет и ќе имаш можност да создадеш нови пријателства – можеби некои ќе останат само убав спомен од едно лето, но други ќе продолжат цел живот.

ЗОШТО WORK AND TRAVEL USA СО ВИКИНГ?

Зошто ние, тимот на Викинг, сме професионалци со долгогодишно искуство во Work and Travel. Зошто го сакаме и веруваме во тоа што го работиме. Зошто самите ние сме биле учесници во програмата. Зошто во последните години ја променивме и подобривме програмата, за да одговара најдобро на твоите побарувања, преференции и потреби. Зошто Викинг е агенција №1 за студентски патувања во Македонија!



ИЗБИРАЈЌИ ВИКИНГ, ЗАД ТЕБЕ СТОЈАТ ЕДНИ ОД НАЈДОБРИТЕ АМЕРИКАНСКИ СПОНЗОРИ

Спонзорите (спонзорските организации) се американски компании и невладини организации, ауторизирани од Државниот департмент на САД да организираат и спроведуваат програми за културна размена. Нивната задача е да посредуваат за осигурување на работна понуда, да ги проверат работодавачите во случаевите, кога учесникот сам си нашол работа, да издаваат работни дозволи, потребни за аплицирање за американска J1 виза, да им помагаат на студентите за време на нивниот престој во САД и др. Нашите партнери во САД се едни од најдобрите спонзор агенции за програми за културна размена и повеќето се основани во 60-тите и 70-тите години на минатиот век. Тие имат долгогодишно искуство во организирање на студентски програми – не само Work and Travel, но и Internship USA, Professional Career Training USA и др. Нашите партнери се тие кои ќе ти помагаат за времетраењето на програмата. Од нив можеш да очекуваш:

Да ти помогнат да ја најдеш најсоодветната работна понуда за тебе – организираат средби со американски работодавачи во Македонија, како и онлајн интервјуа. Ако си одлучил да бараш работа самостојно – да ти ја проверат работната понуда и да ја одобрат тогаш, кога таа одговара на сите услови на програмата и на побарувањата на Државниот департмент.

Да ти ги издадат максимално брзо сите потребни документи за твоето аплицирање за американска виза.

Да ти обезбедат едно од најдобрите осигурувања за патување, при тоа за периодот на целата програма од 5 месеци, а не само за дозволените за работа четири.

Да ти обезбедат полна асистенција за време на целата програма во Америка, како и дваесет и четири часовна телефонска линија, седум дена во неделата, за итни случаи.