РАБОТА ВO АМЕРИКА

ALASKA $9.89

ALASKA $9.89

ARIZONA $11.00

ARIZONA $11.00

ARKANZAS $10.00

ARKANZAS $10.00

CALIFORNIA $11.00

CALIFORNIA $11.00

COLORADO $10.10

COLORADO $10.10

CONNECTICUT $10.10

CONNECTICUT $10.10

WASHINGTON D.C. $13.25

WASHINGTON D.C. $13.25

DELAWARE $8.75

DELAWARE $8.75

FLORIDA $8.25

FLORIDA $8.25

HAWAII $12.25

HAWAII $12.25

ILLINOIS $8.25

ILLINOIS $8.25

MAINE $10.00

MAINE $10.00

  MARYLAND  $10.10

MARYLAND $10.10

MASSACHUSETTS $12.00

MASSACHUSETTS $12.00

MICHIGAN $9.25

MICHIGAN $9.25

MINNESOTA $9.86

MINNESOTA $9.86

  MISSOURI  $7.85

MISSOURI $7.85

NEVADA $8.25

NEVADA $8.25

NEW JERSEY $8.78

NEW JERSEY $8.78

NEW MEXICO $7.50

NEW MEXICO $7.50

  NEW YORK  $11.10

NEW YORK $11.10

OHIO $8.50

OHIO $8.50

OREGON $10.75

OREGON $10.75

RHODE ISLAND $10.10

RHODE ISLAND $10.10

  SOUTH DAKOTA  $8.85

SOUTH DAKOTA $8.85

VERMONT $10.50

VERMONT $10.50

WASHINGTON $11.50

WASHINGTON $11.50

WEST VIRGINIA $8.75

WEST VIRGINIA $8.75

ПЛАЌАЊЕ

Основното нешто, кое го возбудува секој од нас кога зема решение да отиде на програмата или кога си избира работодавач, е колкава ќе биде платата, којашто ќе ја добива.
Во САД средната плата е седум пати повисока од таа во Македонија. Истото важи и за минималната плата. За сметка на тоа цените на поголем дел од стоките се многу пониски од тие кај нас.
Определената плата од страна на владата е минимум $7.25 на час. За помалку од таа сума нема како да бидеш вработен, освен ако не си на позиција на која се добива бакшиш – како келнер или busser (човекот, кој ги чисти масите). Интересното е дека многу од државите во Америка имат определено повисок минимум ако работиш таму, сумите достигаат до $11 на час. Тоа се разбира, се условува и од повисокиот стандард на животот во тие места. Тоа, кое те советуваме кога избираш позиција за работа, е да не гледаш само плаќањето на час, но и тоа каде се наоѓа компанијата, какви се цените на сместувањето, на храната, има ли можност за дополнителни часови, за втора работа и т.н. Много е веројатно да се покаже дека со плата од $8 на час можеш да собереш многу повеќе пари на дадено место, отколку со $11 на друго. Но што и да избереш, едно е сигурно – освен сите останати прекрасни нешта кои ги добиваш со таа програма, ќе можеш да заработиш повеќе пари отколку ако работиш во Македонија. Средната плата на студентите во таа програма е помеѓу $8.50 и $11 на час.
Друга важна карактеристика која што е добро да ја имаш во предвид е, дека голем дел од работодавачите плаќат повеќе за прекувремена работа – тоа се часовите над 40 во неделата, во кои работиш за нив. Тогаш саатницата ти е еден и пол пат повеќе од таа во договорот – од $9 на час на $13.50 на час. Важно е да го знаеш и тоа дека како и насекаде – и во Америка се плаќаат даноци за заработеното. Добрата вест е дека ти си ослободен од некој од даноците, кои ги плаќаат американците, а тие пак што ќе ти ги задржат ќе ти бидат вратени во поголем процент откако ќе се вратиш во Македонија. Погоре можеш да ги видиш и Државите, во кои минималното плаќање на час е повисоко од федералното.

НАЧИНИ ЗА НАОЃАЊЕ НА РАБОТА

Средба со работодавачи
work&travelJob Fair се настани, кои се организираат неколку пати годишно тука во Македонија (Скопје), и на нив присуствуваат компании, коишто сакат да вработат студенти за летна работа во САД. Ќе имаш можност да се видиш очи во очи со твојот иден работодавач, да разговараш со него, да ти раскаже повеќе за местото за кое аплицираш, а ти ќе раскажеш повеќе за себеси. Има два типа на средби – на едните (Job Fair) доаѓаат големи работодавачи (ланци хотели, забавни паркови, национални паркови и други), кои вработуваат голем број студенти. Вториот тип средби (Easy Hire) доаѓаат претставници на работодавачите, кои се овластени да вработуваат за одреден регион, во повеќето случаи се нудат позиции за во помали фирми, продавници, семејни хотели, ресторани и др. Ти ќе располагаш со претходна информација за работните понуди, локациите, побарувањата, плаќањето и се друго и ќе имаш доволно време да се консултираш со твојот WAT консултант во канцелариите на Викинг или со пријатели, за да процениш кое е најсоодветното место за тебе.
Виртуелни интервјуа
work&travelДел од работодавачите претпочитаат да не доаѓаат до Македонија за да ги спроведат интервјуата, а го прават онлајн преку Skype. Претходно ќе знаеш кои се компаниите, какви позиции нудат и ќе можеш да процениш дали претставуваат интерес за тебе. Виртуелните интервјуа се одржуваат во нашите канцеларии, одземат сосема малку време и се одличен начин да најдеш сигурна работна понуда.
Самостојно обезбедување
work&travelТоа е неспорно најефтиниот начин да си обезбедиш работа за следното лето. Драгоцена помош тука може да ти дадат пријатели, коишто живеат во САД или такви коишто биле минатото лето на програмата и може да те препорачат на својот работодавач. Можеш да аплицираш за позиции и преку интернет, но имај во предвид дека веројатно ќе треба да испратиш стотина емајли и да пополниш многу формулари и апликации, пред да добиеш предлог за работа. Но често пати упорноста се исплати. За твоја сигурност секој самостојно обезбеден работодавач самостоятелно намерен работодател минува низ проверка и идентификација од страна на нашите американски партнери.

ДОЗВОЛЕНИ ВИДОВИ НА РАБОТА

Во Америка имаш право да работиш на позиции, кои се сезонски. Претежно предлозите се во сферата на туризмот и услугите – во хотели, ресторани и продавници, национални и забавни паркови. Продавачи, келнери, шанкери, собари, спасувачи на безени, портири и др. се помеѓу најчестите позиции на кои работат студентите. Спонзорите ги одобруваат само тие работодавачи кои се во ред и чиишто понуди одговараат на побарувањата на програмата.
Ако бараш висококвалификувана работа, Work and Travel не е соодветната програма – разгледај ги нашите предлози за Internship USA и Professional Career Training USA.
Со оглед на твојата безопасност, како и согласно побарувањата на Државниот департмент на САД, има позиции кои се забранети за Work and Travel. Подолу можеш да видиш краток опис на некои од најчесто среќаваните позиции за Work and Travel USA програмата.

CATEGORIES OF JOBS THAT CANNOT BE APPROVED BY THE SPONSOR

Jobs that are filled by a different type of J-1 visa (camp counselors, interns, etc.)
Jobs obtained through staffing or employment agencies
Jobs designated by the U.S. Department of Labor as “hazardous to youth”
Jobs where students are hired independent contractors (using 1099 forms)
Jobs where students works the majority of their hours between 10 p.m. and 6 a.m.
Sales jobs that require students to invest their own money to pre-purchase inventory
Jobs that are mostly commission-based and thus do not guarantee minimum wage
Jobs with exposure to dangerous chemicals (such as pesticides)
Jobs that require a professional license
Jobs that displace U.S. workers
Jobs with employers who have experienced layoffs within the last 120 days
Jobs with employers who have workers on strike or lockout

SPECIFIC JOBS THAT CANNOT BE APPROVED BY THE SPONSOR

Domestic help positions in private U.S. households, such as au pair, servant, gardener, or chauffeur
Modeling or jobs in the adult entertainment industry
Jobs on casino gaming floors
Jobs in warehouses, factories/manufacturing, moving companies, or catalog/online distribution centers
Jobs in the fisheries industry
Jobs at mall kiosks or carts
Jobs as operators or drivers of vehicles or vessels for which drivers’ licenses are required
Operators of pedicabs, rolling chairs, other passenger carrying vehicles for hire, and/or vehicles requiring a commercial driver’s license
Farm or ranch jobs
Jobs with traveling carnivals / concessions
Jobs providing clinical care, medical services or involving patient contact, hands-on therapy, counseling, administering treatment or making diagnoses of medical, psychiatric or psychological patients, or veterinary work involving hands-on care
Jobs as ship or aircraft crew members or as pilots, except as crew members on ships that travel only within domestic U.S. waters
Jobs as teachers, teaching assistants, or coaches
Jobs entailing sustained physical contact with customers, such as, body piercing, tattoo parlor work, or massage)
Jobs with domestic cleaning companies

Waiter

Tаа е толку посакуваната позиција од сите студенти во Work and Travel USA програмата . Вистина е дека можеш да направиш добри пари од бакшиш, но и самата работа си има свои особености: одличен англиски јазик, желба за работа со луѓе и претходно искуство е секогаш добро да се има.

Busser

Колку и чудно да звучи, таа работна позиција нема ништо заедничко со автобусите. Басери се луѓето кои ги расчистуваат масите во рестораните откако гостите веќе си заминале. Луѓето на таа позиција им помагаат и на келнерите. Најчесто се бара средно ниво на владеење на англискиот јазик. Позицијата е со бакшиш.

Housekeeper

Или уште houseperson, room attendant, houseman – сите тие зборови значат едно исто: собар/ка. Основниот дел од работата се состои во чистење и подредување на хотелски соби, а понекогаш – и на соседните територии како ходници и скали. Се бара внимание кон детали. Често се добива и бакшиш.

Sales associate

Многу се имињата под кои може да ја сретнеш должноста “продавач”. Тоа е едно од нив, а други среќавани се са shop /sales assistant, retail assistant, clerk, retail sales clerk, shop clerk, grocery clerk. Должностите варираат во зависност од продаваните стоки, но обично вклучуваат продавање на различни работи, комуникација со клиенти, дополнување на полиците и др.

Laundry attendant

Е определено една од најсоодветните позиции за луѓе кои не се чувствуваат удобно кога комуницираат на англиски. Вклучува целосно работење со машини за перење во хотели или ресторани – полнење, истовар, ставање на постелнина и крпи на машините за пеглање и др.

Trip Host Person

Тоа се луѓето кои работат на автобуски линии и се нешто како стујардите во авионите – ги проверуваат билетите, ги сместуваат патниците, помагат околу други работи и т.н. Ако сакаш денот да ти поминува на четири (или всушност повеќе) тркала и знаеш англиски навистина добро, тоа е дефинитивно твојата работа.

Amusement park attendant

И уште како game attendant, rides operator – обврските вклучуваат продажба на влезни билети за паркот, како и пуштање на опремата и грижа за безбедноста на клиентите, до чистење по завршување на работниот ден. Во повеќето паркови вработените имаат право да ги користат атракциите бесплатно. Парковите се погодни за големи групи на пријатели коишто сакат да работат на едно место.

Lifeguard & pool operator

Најопшто кажано станува збор за работа като спасувач, како кон главни обрвски му се да ја гарантира безбедноста на капачите, ќе додадеме и одржување на чистотата во и околу водената површина. Учесниците работат на базени, така што задолжително ќе треба да го имат положено курсот за спасувачи и да ги имат соодветните сертификати.