ПРАКСА ВО САД

ШТО ПРЕТСТАВУВА ПРОГРАМАТА?

Internship/ Professional Career Training USA е програма за учебна пракса/стаж, регулирана од Државниот департмент на САД и е создадена за да даде можност на студенти и млади професионалци од цел свет да стекнат професионално искуство, работејќи како практиканти во американска компанија и да се запознаат со американската култура и начин на живот.

Учесниците треба да имат осигурена позиција пред своето пристигнување во САД. Internship/ Trainee USA не е работна програма. Задолжотелно е позицијата, која ќе им биде назначена, да е директно поврзана со струката која што ја изучуваат во универзитетот или да е во област во која учесниците имат професионално искуство и да овозможува стекнување на способности на минимум средно професионално ниво, како и зголемување на комплексноста на одговорностите во различните етапи од праксата.

Практикантите не можат да заземат позиции, кои вклучуваат работа како нискоквалификуван труд, грижа на деца или медицинска грижа за пациенти. Максималниот период на програмата е 12 месеци за Internship и 18 месеци за Trainee опцијата. Програмата е целогодишна и нема фиксирани почетни и крајни датуми – почетокот и времетраењето на праксата се определуваат од страна на учесникот и од американската компанија.

Области, во кои може да се стажира:

- туризам

- уметност и култура

- менаџмент, бизнис, трговија, финансии

- јавна администрација и право

- градежништво и инженерство

- социјални науки

- новинарство, комуникации и информациски технологии

- наука, инженерство, архитектура, математика и индустрија

- земјоделие, шумарство и риболов

КОЈ МОЖЕ ДА УЧЕСТВУВА?

 

INTERNSHIP USA

За да учествуваш во програмата Internship USA е потребно:


  • Да си редовен студент или да имаш завршено додипломски или постдипломски студии но да нема поминато повеќе од 12 месеци.
  • Стажот да е поврзан со струката што ја изучуваш во универзитетот.
  • Да си на возраст помеѓу 18-28 години.
  • Да имаш напредно ниво на англиски јазик.
  • Да имаш желба да ѓи посетиш САД и да научиш повеќе за американскиот начин на живот.

CAREER TRAINING USA

За да учествуваш во програмата Professional Career Training е потребно:


  • Да си на возраст помеѓу 18-40 години.
  • Да имаш завршено високо образование и минумум една година професионално искуство или 5 години професионално искуство во сверата која што ја имаш избрано.
  • Стажот да е поврзан со струката што ја изучуваш во универзитетот.
  • Да имаш желба да ѓи посетиш САД и да научиш повеќе за американскиот начин на живот.
 

КОЛКУ ЧИНИ?

INTERNSHIP
со осигурен стаж од кандидатот

899$

за 3 месечна програма ДРУГИ ОПЦИИ:

  • 6 месеци: $1299
  • 12 месеци: $1799

INTERNSHIP
со осигурен стаж од спонзорот

2199$

за 6 месечна програма ДРУГИ ОПЦИИ:

  • 9 месеци: $2599
  • 12 месеци: $2899

CAREER TRAINING
со осигурен стаж од кандидатот

1099$

за 3 месечна програма ДРУГИ ОПЦИИ:

  • 6 месеци: $1499
  • 12 месеци: $1999
  • 18 месеци: $2599

CAREER TRAINING
со осигурен стаж од спонзорот

2199$

за 6 месечна програма ДРУГИ ОПЦИИ:

  • 9 месеци: $2499
  • 12 месеци: $2799
  • 18 месеци: $2999

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:

DS-2019 формулар, кој е неопходен за издавање на J-1 виза и осигурува легален престој и работа во САД за определен период на време, како и полно медицинско осигурување за целиот твој престој на програмата.
Асистенција при подготовката на потребните документи и формулари за програмата, како и подготовка на документите за аплицирање за виза и закажување термин за интервју за виза.
Онлајн ориентација пред да заминувањето за САД , прирачник за учесникот други печатени материјали, организирање на патувањето до САД, целосна помош и 24 часовна телефонска линија за итни случаи од страна на американската спонзор организација.

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

Такса за интервју за американска виза, која се плаќа на сметке на американската амбасада, во износ од $160.
SEVIS такса, побарувана од Државниот департмент на САД, во висина од $180.
Авионски билет.

КАКО ДА ПЛАТИШ

Стандардно цената на програмата се плаќа на 3 рати: депозит 1, со кој си резервираш место за учество во програмата, депозит 2, кога веќе имаш избрано работна понуда и остатокот кога веќе ќе ти пристигне работната понуда или дозволата за работа. За твое удобство можеш да ја платиш програмата за во САД:

КАКО СИ НАОЃАМ РАБОТА?

Програмата за пракса во Америка се нуди во две опции: Self-Arranged – наменета е за учесници кои веќе имаат обезбедено практикантска позиција во САД или би сакале самостојно да си обезбедат таква. Job Placement – нашето партнерство со неколку од најдобрите американски спонзор организации ни дава можност да им понудиме на нашите клиенти атрактивни практикантски позиции во областа на туризмот, бизнис, финансии, IT технологии и др. Повеќе информации за актуелни позиции може да добиете во нашите канцеларии.


КАКО СЕ ОДВИВААТ РАБОТИТЕ?

АПЛИЦИРАЊЕ

Потребна е регистрација во системот на американската спонзор организација и плаќање на депозит, чијашто сума се определува од типот на програмата за која аплицираш.

НАОЃАЊЕ НА РАБОТА

Ако си обезбедуваш самостојно работна позиција, твојот работодавач ќе треба да пополни тренинг план во системот на спонзор организацијата. Ако си на pre-arranged опцијата ќе треба да изготвиш CV, мотивациско писмо или видео на англиски јазик. После одобрувањето ќе биде одобрение ќе ти биде закажани скајп интервју со американската спонзор организација и/или компанијата во која ќе се спроведува праксата.

ДОБИВАЊЕ НА ВИЗА

По добивањето и одобрувањето на позицијата за пракса, спонзор организацијата ќе ти издаде работна дозвола DS 2019, така што ќе треба да го платиш остатиот дел од таксата за програмата и таксата SEVIS, после тоа аплицираш за американска виза.

ЗАМИНУВАЊЕ

Последниот чекор да ја поминеш онлајн ориентацијата, да купиш авионски билет и да заминеш за САД каде ќе започнеш да ја градиш својата професионална кариера.