Ја доживеав Америка на поразличен начин

Маргарита Тумбова

Технички Факултет Велес

Моето Work and Travel лето го поминав во Ocean city MD, USA и сум воодушевена бидејќи доживеав многу поубави нешта од што очекував. Ова место го избрав по сугестија на мојата најдобра другарка којашто имаше позитивно искуство од предходната година. Живеев во апартманите на хотел Американа каде што беше и мојата прва работа, и бев задоволна од сместувањето.
Втора работа имав и не беше тешко да ја најдам затоа што бев доста упорна за да успеам во мојата цел. Мојата втора работа беше во продавница за сувенири и гардероба.
Ocean City , MD ми се допадна многу и безбедно се чувствував во текот на мојот престој. Туристичко место, прекрасна долга плажа , градот нуди многу забава , интересни места за посета . По завршување на работниот период бев во Њујорк, Филаделфија, Атлантик сити, Салзбери, Делавер заедно со моите пријатели.

slide4
go-to-new-york
storii1big
lasvegas

Им ја препорачувам мојата примарна работа на сите студенти кои сакаат да учествуваат во оваа програма и да поминат незаборавно лето. Во текот на мојот престој стекнав доста пријатели од различни земји со кои сум сеуште во контакт.
Би учествувала повторно во Work and Travel програмата со Viking, а една од моите најголеми желби е повторно враќање во Ocean City, Maryland.