Едно поразлично лето… во Америка

Кристијан Пунтевски

ФЕИТ Скопје

Благодарен сум на Викинг што ми го организираа патувањето на професионално ниво и ми дадоа можност да остварам една моја мечта и ми го направија ова лето посебно и незаборавно. Ова е само мал дел од мојата летна незаборавна Одисеја.
Работев како lifeguard во Germantown, Maryland, сместувањето и работата ми беа во истиот комплекс и бев меѓу малкуте што ја имаа оваа привилегија. Живеев со тројца цимери-интернационални студенти од кои двајца беа студенти од Украина и еден од Узбекистан. Иако не се познававме претходно, се сложувавме уште од нашето запознавање.
Како спасител на базен работев 3 месеци и според мене е интересна и одговорна работа која бара постојано набљудување на клиентите, следење за сигурноста на посетителите, чистење на базенот и зоната околу него, и се поминува задолжителен курс за спасители. Токму затоа работата како спасувач би му ја препорачал на секој што се смета себеси за одговорен и сака да има разонода за време на работата. Lifeguard е наградувачка и благородна работа и чувството кога ќе спасиш некого е посебно.

slide4
go-to-new-york
storii1big
lasvegas

По завршувањето на работата посветив 2 недели на патување и во тој период ги посетив Washington, New York, Pittsburgh и воодушевувачките Niagara Falls кој ми оставија најголем впечаток.
И оваа година би сакал да бидам дел од Work and Travel програмата, бидејки Америка како држава ми има оставенонајголем впечаток, имам патувано низ повеќето држави во Европа, но Америка за мене лично е попривлечна. Тоа е една неверојатна држава, полна со можности. Таму секој може да биде тоа што сака да биде и да живее онака како што сака. Се стекнав со различни вештини, искуства и сретнав многу нови и интересни луѓе, стекнав искуство кое ќе ми биде корисно за целиот живот. Work and Travel програмата ми помогна да се стекнам со бесценето искуство и ја препорачувам на секој студент да го искуси истото.