ПАТУВАЊЕ И АВИОНСКИ БИЛЕТИ

ПАТУВАЊЕ СО АВИОН

Патувањето со авион не е само начин за придвижување во последните години. Тоа е страст и емоција, но исто така и удобство и неопходност. Таа индустрија е една од најбрзорастечките во последните децении. Знаете ли дека во небето над Европа во сообраќајниот метеж во сите авиони има толку народ, колку што е населението на еден мал македонски град – т.е околу 25 000 лица. И додека патувањето на кратки растојанија со авион е веќе секојдневие, летовите преку океанот се посебно доживување, за кое треба да се потготвиме порано и да го имаме правилниот став и информација. Сите авиокомпании се борат за сообраќајот преку океанот со поволни цени, услови и посебна услуга и поволности за време на летот.

ПОЧЕТОКОТ

И така доаѓа денот во кој твојата американска авантура ќе започне. Ти предстои (можеби првиот) подалечен лет преку океанот. Тој обично е рано наутро и вклучува прекачување преку некој од поголемите аеродроми во Европа – Истамбул, Париз, Амстердам, Лондон, Рим или други. Тие згради повеќе личат на трговски центри и може да се пофалат со милиони патници кои прелетуваат преку нив секоја година. За Вас кои патувате до САД секогаш се резервирани најудобните излезни порти, најновиот дел од аеродромот, а понекогаш дури и посебен терминал од којшто полетуваат само летови на далечни растојанија. Терминалот на аеродромот е најдобрата точка за набљудување на авиони кои секојдневно полетуваат и слетуваат. Дали знаете дека има луѓе, за кои тоа си е цело хоби, наречено “plane (aircraft) spotting”?

ВЕЌЕ СИ ВО АВИОНОТ

Влегуваш во авионот возбуден и сфаќаш каков контролиран хаос е внатре. Ако застанеш од страна и ги набљудуваш останатите патници ќе видиш дека секој има зацртано две цели – да го смести својот рачен багаж што е можно најблиску до своето седиште, потоа да се смести удобно и да го закопча својот појас, после кое најчесто се карактеризира со разгледување и коментирање на останатите патници. Со сигурност ќе забележиш барем една непристојно облечена жена, со многу нападна шминка, барем еден маж со доста тетоважи и чизми од алигатор и една возрасна двојка која изгледа повозбудена и од вас. За тебе во тој момент имаме избрано седиште до прозорецот, ако искаш да ја следиш ситуацијата надвор, или место до патеката ако претпочиташ да имаш слобода да стануваш од твоето место непречено во било кое време.

САМИОТ ЛЕТ

Сe засилуваме по пистата и за кратко развиваме брзина од приближно 450 км./ч. Полетувамееееее! Летањето преку океанот може да се опише како неделно попладне во кое си правиш филмски маратон на креветот дома, со таа разлика што некој друг е задолжен да ти носи храна и пијалоци на 1-2 часа, но може и да ти заличи на денот во кој сите твој роднини со сите нивни деца се кај тебе дома и ти пречат да си пребаруваш лежерно во интернет; Уживај во моментот и времето поминато гледајќи низ прозорецот на авионот, кој лета на 13-15 км. над земјината површина или прегледувајќи ги насловите на новите филмски остварувања во датотеката на авионот; Кога ли ќе има можност да играте во мрежа на Warcraft, за да го подобрите резултатот од минатиот месец или пак козметички салон за да си го средите скршениот нокт, резултат на влечењето на тешкиот куфер до аеродромот. Го пративме како барање до нашите партнер авиокомпании и сме го на нашите партньори авиокомпаниите и како ништо може и да се случи.

СЛЕТУВАШ ВО САД

Пристигнувањето зад океанот обично носи посебен вкус и покачување на адреналинот. За да си гарантираат дека сте во добра форма стујардесите ќе ви донесат уште една порција храна и ќе ви дадат плави листови за пополнување доколку имате да декларирате работи што подлежат и според законите во САД треба да се декларират на влез (како скап накит, скапа опрема, техника и сл.). Неколку минути откако се најдеш на тврда земја и сите околу тебе вообичаено се обидуваат да се симнат први од авионот, кое сето тоа е придружено со туркање и извици за нагазнети палци на нозете и паднати куфери на нивните глави, те советуваме да се увериш дека сеуште во тебе се наоѓаат најважните документи и работи во моментот – твојот пасопш, твојот DS формулар и портмоне. Со тие три важни предмети и стиснати во рака останати документи сте готови да зачекорите на американска почва.

ВИКИНГ е најдобриот избор да го купиш твојот авионски билет за САД, ЗАТОА ШТО

СМЕ ЕДНА ОД МАЛКУТЕ АГЕНЦИИ ЗА АВИОНСКИ БИЛЕТИ ВО МАКЕДОНИЈА СПЕЦИЈАЛИЗИРАНИ ЗА СТУДЕНТСКИ WORK AND TRAVEL ТАРИФИ

ВАШИОТ КОНСУЛТАНТ Е СЕРТИФИЦИРАН ДА ИЗДАВА АВИОНСКИ БИЛЕТИ ЗА ЦЕЛ СВЕТ

ИМАТЕ ОГРОМЕН ИЗБОР ОД АВИОКОМПАНИИ И РУТИ ЗА ДА СТИГНЕТЕ ДО САД

ГО ПРАВИМЕ ПАТУВАЊЕТО ЛЕСНО И УДОБНО, ТАКА ШТО ТИ ЗАЧУВУВАМЕ МЕСТА, ТИ ПОМАГАМЕ ПРИ РЕГИСТРАЦИЈА ЗА ЛЕТОТ, СЕ ГРИЖИМЕ ДА ЈА ИЗБЕРЕМЕ ВИСТИНСКАТА РУТА

ПРОДАВАМЕ СТУДЕНТСКИ ТАРИФИ НА НАЈПОВОЛНИ ЦЕНИ

СЕ ГРИЖИМЕ ЗА СИТЕ ПРОМЕНИ И ЗАВЕРКИ НА БИЛЕТОТ И ТИ ЗАШТЕДУВАМЕ ПАРИ, БИДЕЈЌИ ТИ ГАРАНТИРАМЕ ОЛЕСНЕТИ УСЛОВИ ЗА ТОА

НАЈЧЕСТО КОРИСТЕНИТЕ АВИО КОМПАНИИ ОД СТУДЕНТИТЕ ЗА ПРОГРАМАТА WORK AND TRAVEL