КОЛКУ ЧИНИ И КАКО ДА ЈА ЗЕМАМ НАЈДОБРАТА ЦЕНА?
Започнавме со запишувањата за лето 2022 програмата уште во почетокот на академската година – 1ви Септември 2021.
Од финансиска гледна точка, причините да побрзаш се неколку:
Колку порано се запишеш, толку пониска ќе ти биде цената на програмата. Наметнат тренд е цените да се променуваат, колку повеќе наближува датата на заминавање и разликите често достигаат до $300.
Ќе можеш да си купиш авионска карта на можно најниска цена – колку порано знаеш за каде точно ќе патуваш и кога, толку повеќе места ќе има за најефтините летови.
Други предности за тебе од раната апликација се:
Ти гарантира, дека ќе имаш место во програмата. Work and Travel USA e програма, за која има квоти, определени од Државниот департмент на САД и кога тие ќе се исполнат дури и да сакаш, нема да можеш да заминеш.
Ќе имаш најголем избор од работни понуди. Првите онлајн средби со американски работодавачи се во октомври 2021-ва.
Ќе ти остане доволно време, за да се подготвиш за сесијата и да заминеш, без да ти останат испити за септември.
КОЛКУ ЧИНИ?
Започнавме со запишувањата за лето 2022 програмата уште во почетокот на академската година – Септември 2021..
Нудиме две различни опции – можеш да се запишеш само за програмата, ако имаш собствена работна понуда или да ја избереш опцијата со обезбедена позиција. Единствено во Викинг можеш да се запишеш само за програмата и ако не успееш да си најдеш работна понуда – да се префрлиш на опцијата со обезбедена работна позиција, без за тоа да е потребно да плаќаш ништо дополнително. Нешто повеќе – за тебе ќе е валидна цената со обезбедена работа, која е била актуелна во моментот на твоето аплицирање.
Искористи ги поволните цени на програмата, и запиши се до:
28 ФЕВРУАРИ
SELF ARRANGED PROGRAM
ДО 15 ФЕВРУАРИ
1019 EUR
ОД 15-28 ФЕВРУАРИ
1049 EUR
Цената вклучува:
- Издавање на работна дозвола DS 2019, полно медицинско осигурување за целиот период на програмата од 5 месеци и асистенција од спонзорот за време на целиот во САД.
- Да имаш желба да ги посетиш САД и да научиш повеќе за американскиот начин на живот.
- Полна административна услуга и консултации во сите етапи на програмата како и: пополнување и превод на потребните документи, испраќање и примање, подготовка за интервјуто за виза и закажување на термин во амбасадата на САД и други.
- Проверка на работодавачот и работната понуда за согласност и побарувањата на Државниот департмент на САД.
PREMIUM PLACEMENT PROGRAM
ДО 15 ФЕВРУАРИ
1249 EUR
ОД 15-28 ФЕВРУАРИ
1279 EUR
Цената вклучува:
- Издавање на работна дозвола DS 2019, полно медицинско осигурување за целиот период на програмата од 5 месеци и асистенција од спонзорот за време на целиот во САД.
- Да имаш желба да ги посетиш САД и да научиш повеќе за американскиот начин на живот.
- Полна административна услуга и консултации во сите етапи на програмата како и: пополнување и превод на потребните документи, испраќање и примање, подготовка за интервјуто за виза и закажување на термин во амбасадата на САД и други.
- Обезбедена од страна на спонзорот – проверена работна понуда, која одговара на побарувањата на Државниот департмент на САД.
ДОПОЛНИТЕЛНИТЕ ТРОШОЦИ ВКЛУЧУВААТ:
ДРУГИ ДРЖАВНИ ТАКСИ
- такса SEVIS, побарувана од Државниот департмент на САД, во висина од $35;
- такса за интервју за американска виза, во износ од $160.
АВИОНСКИ БИЛЕТ
- Нормално за да стигнеш до Америка, ќе ти е потребен и авионски билет. Имај во предвид, дека САД е голема држава и цената ќе зависи освен од тоа кога ќе го резервираш, така и од тоа до каде точно ќе летиш. Избирајќи Викинг да го организира твоето лето, независно која е твојата последна дестинација, можеш да си сигурен дека ќе ги користиш најповолните услови за авионски билет, кој одговара на спецификите на програмата.
ШТО ЗАШТЕДУВАШ СО ВИКИНГ
Ние сме сигурни, дека ти го нудиме најдобриот продукт на најповолната цена како пакет за сите услуги, потребни за твоето заминавање во САД. Навидум цените доколку ни изгледаат слични на тие на другите агенции на пазарот, со нас заштедуваш, бидејќи добиваш бесплатно многу работи за кои на другите места плаќаш, а и имаш достап до услуги при ексклузивни услови.
Заштедуваш од $200 до $400
Ние ќе ти ги вратиме сите уплатени средства за програмата и интервјуто во износ од $160 во случај на отказ на виза, доколку ги имаш земено нашите осигурувања за програмата.
Заштедуваш од $35 до $80
Ние не ти наплаќаме дополнителна такса за здравстевеното осигурување за време на туристичкиот престој во САД.
Заштедуваш од $20 до $40
Ние не ти наплаќаме дополнителна такса за превод и легализација на документите, за административни и поштенски расходи.
Заштедуваш од $20 до $60
Ние не ти наплаќаме дополнителна такса за пополнување на документите за работна дозвола, виза или за проверка на твојата работна понуда.
Заштедуваш од $10 до $25
Средствата за програмата се уплаќаат по банков пат, безготовински или во готовина на благајна со што избегнуваш дополнителни трошоци за провизии за уплата преку картички.
Заштедуваш од $50 до $150
Ние ќе го организираме твоето патување до САД на најниската можна цена, бидејќи сме една од малкуте агенции за продажба на авионски билети за work and travel програмата на специјални цени во Македонија и со нас нема да плаќаш такси на посредници.
СО ВИКИНГ ЗАШТЕДУВАШ ПОМЕЃУ $335 И $755
КАКО ДА ПЛАТИШ
Стандардната цената на програмата се плаќа на 3 рати: депозит 1, со кој си резервираш место за учество во програмата, депозит 2, кога веќе имаш избрано работна понуда и остатокот кога веќе ќе ти пристигне работната понуда или дозволата за работа. За твое удобство можеш да ја платиш програмата за во САД:
КЕШ ВО БАНКА
Ти сам избираш како да ја платиш таксата за програмата. Можеш да го направиш во банка – кеш на благајна или безготовински преку твоја сметка или од родителите. Едноставно одлучи се кој е најдобриот начин за тебе.
СО ДАНОЦИ ОД САД
Ако веќе си бил учесник во програмата Work and Travel USA, независно дали со нас или со друга агенција, можеш да ги искористиш даноците од твоето претходно лето во Америка, за да си го финансираш следното! И тоа уште пред да ги имаш добиено! Удобно и лесно е, едноставно дојди во наша канцеларија со последниот чек од работа.
ОТКАКО СЕ ВРАТИШ
Ако не можеш да ги обезбедиш потребните средства за сите или за дел од трошоците за твоето лето во САД, или не сакаш да користиш сопствени средства, можеш да го искористиш специјалниот продукт, што се нуди од НЛБ банка ексклузивно за клиенти на Викинг и да заминеш на програмата без да мора да платиш ниту денар пред да заминеш.
ЗАМИНИ ЗА АМЕРИКА, ПЛАТИ ОТКАКО СЕ ВРАТИШ
Ако сеуште не си обезбедил доволно средства за финансирање на програмата, или едноставно не искаш да вложуваш сопствени пари, можеш да заминеш користејќи ја опцијата ПЛАТИ ОТКАКО ЌЕ СЕ ВРАТИШ, сообразена со спецификите на програмата Work and Travel USA.
Што е особено за таа опција:
- Можеш да платиш мал дел од програмата (350 ЕУР) пред да заминеш во САД или ако решиш поголем дел – а остатокот можеш да го платиш откако ќе се вратиш од САД,
- Можеш да го исплатиш веднаш штом се вратиш од САД, без да треба да плаќаш дополнителни такси за тоа;
- Потребно е некој, кој е со постојан приход во Македонија, да гарантира за тебе.
