КОЈ МОЖЕ ДА УЧЕСТВУВА?

За да учествуваш е потребно:

  • Да си редовен студент, без разлика која година си.
  • Да имаш желба да ги посетиш САД и да научиш повеќе за американскиот начин на живот.
  • Да го владееш англискиот барем на средно ниво.
  • Да си помеѓу 18 и 26 години.

УЧАМ ВО СТРАНСТВО, МОЖЕ ЛИ ДА УЧЕСТВУВАМ??

Да! Во програма Work and Travel USA можат да учествуваат како македонски граѓани, коишто учат во странство, така и странци, кои се на факултет во Македонија.

Прочитај повеќе

ЗАПИШИ СЕ ДО 31 ЈАНУАРИ, ЗА ДА МОЖЕШ ДА ИЗБЕРЕШ ПОМЕЃУ ПОВЕЌЕ РАБОТНИ ПОНУДИ И СРЕДБИ СО АМЕРИКАНСКИ РАБОТОДАВАЧИ

00

денови


00

саати


00

минути


00

секунди


МОЖЕ ЛИ ДА ПАТУВАМ СО ПРИЈАТЕЛИ?

Се разбира! Нема ограничување за тоа со колку луѓе можеш да патуваш на work and travel. Ние ќе се погрижиме да ви обезбедиме позиции кај голем работодавач, којшто вработува по многу студенти. Друга опција е да сте во еден ист град, но кај различни работодавачи – тоа е добра опција во случаите, кога искуството и нивото на владеење на англискиот јазик на луѓето во групата се многу различни.
И уште нешто важно – можеш да патуваш како со пријатели, со кои што учите во еден ист град, така и со луѓе од други градови и универзитети – едноставно треба да ни кажете дека сте група, за да можеме да ги придвижиме вашите документи заедно. Имаме канцеларии во сите градови, во коишто има високо образовни институции, така да нема да е потребно да се запишете во иста канцеларија за да патувате заедно. Нешто повеќе – нема никаков проблем да патуваш и со пријател, којшто не учи во Македонија. Едноставно тој ќе треба да се запише кај нас и да ги приспособите Вашите дати на патување. Има како да работите на едно исто место, како и да патувате заедно кон САД. Прашајте како во нашите канцеларии.
Ако пак патуваш сам и тоа те загрижува – нема зошто! Ние можеме да те сврземе со други студенти, кои ќе работат кај истиот работодавач, ќе патуваат на истата дата како и ти или ќе бидат блиску до местото, каде што си ти.


МОЖЕ ЛИ ДА УЧЕСТВУВАМ, АКО СУМ ПРВА ГОДИНА?

Се разбира! Нели веќе си студент – искористи ги сите привилегии, кои ти ги дава тој статус. Програмата work and travel е една од нив. Започни уште во прва година и ќе можеш да патуваш уште барем 4 лета!
Запиши се сега и обезбеди си работен договор максимално рано, но имај во предвид дека за да отидеш на интервју за американска виза, треба да ти е помината првата сесија во универзитетот и да ги имаш положено повеќето од испитите.

МОЖЕ ЛИ ДА АПЛИЦИРАМ И ВО ПОСЛЕДНА ГОДИНА?

Да, во програмата можат да земат учество сите студенти запишани на додипломски или постдипломски студии, независно од тоа која година се на факултет, коишто имаат статус на редовни студенти во моментот на аплицирањето за виза. Тоа, кое е важно за успешно добивање на американска виза, е да имаш доволно јасни планови за личниот развој во иднина во Македонија. Замини сега, направи го додека сеуште можеш!

КОГА МОЖАМ ДА ПАТУВАМ?

За студенти, кои учат во Македонија

За разлика од многу други држави, каде сите универзитети се со фиксирани дати на летниот распуст, во Македонија секоја образовна установа сама си ги определува датумите на своите сесии.
Американската амбасада во Македонија ги има определено дозволените датуми за учество во програмата помеѓу 15 мај и 30 септември. Тоа, кое што е многу важно да го направиш веднаш штом се запишеш во програмата, е да ги провериш какви се датумите на сесијата во твојот универзитет, какви се условите за пријавување на предвремена сесија, дали има некакви побарувања кон студентите коишто патуваат кон САД и какви се тие. Многу голем дел од студентите се договараат со професорите за индивидуални дати за изпити, коишто ќе им дозволат да заминат максимално рано за Америка. Те советуваме да ги распрашаш студентите од твојот универзитет, кои веќе биле на Work and Travel, за тоа како се справиле тие со испитите за да можат да патуваат порано.
Важно е да имаш јасна идеја за тоа кога ќе можеш да заминеш и да ги усогласиш твоите дати со барањата на работодавачите, за коишто аплицираш.

За студенти, коишто учат во странство

Државниот департмент на САД и конзулатите во одделни држави ги имат определено датумите, во коишто е дозволено да патуваат студентите на програмата Work and Travel.
Подолу можеш да ги видиш дозволените датуми за земјите, каде најчесто учат нашите учесници.
Ако не ги наоѓаш датумите за државата во која учиш – сврзи се со канцеларијата на Викинг, која најмногу ти одговара за да ти ги кажеме.

Дозволени датуми за Work and Travel по држави
Држава Почетна дата Крајна дата
Австрија 1 јули 30 септември
Данска 4 јули 31 август
Финска 13 мај 13 септември
Франција 1 јуни 30 септември
Германија 1 јули 31 октомври
Ирска 15 мај 15 септември
Италија 15 јуни 15 септември
Холандија 15 мај 15 септември
Норвешка 15 јуни 20 август
Португалија 1 јуни 30 септември
Шпанија 15 јуни 30 септември
Шведска 1 мај 30 август
Швајцарија 3 јуни 19 септември
Велика Британија 1 јуни 15 септември

КАКО ДА СЕ ЗАПИШАМ?

Започнавме со запишувањата за лето 2019 програмата уште во почетокот на академската година. За да се запишеш на WAT, е потребно да дојдеш до наша канцеларија и донесеш:

  • Лична карта
  • Студентски индекс
  • Депозит од 1990 денари

Ако уште се немаш регистрирано онлајн, ние ќе го направиме тоа за тебе. Ќе потпишеме договор и ќе ти раскажеме подетално за следните чекори.

Обезбедување на работна понуда – какви се начините да ја добиеш, како да си избереш место, работодавач и позиција.

Резервација на авионски билет – на најниски можни цени – бидејќи имаме специјални понуди за тебе.

Издавање на работна дозвола и аплицирање за виза – како сето тоа може да биде лесно, брзо и пријатно.

Онлајн ориентација, подготвена од нашите американски партнери и заминување за САД.

КАКО СЕ ДОБИВА ВИЗА?

За да бидеш целосно спокоен, Викинг ќе ти ги разјасни во детали сите работи околу самото интервју една недела пред истото и ќе поразговарате за прашањата кои те интересираат и сакаш да ги поставиш.

Аплицирањето за американска виза е можеби најважниот момент за студентите од организирањето на програмата. Откако веќе си поминал преку сите етапи, си нашол работа и си ја добил работната дозвола, доаѓа и времето, во кое мечтаеш да чуеш „пријатно лето во САД“ од устата на американски служител во амбасадата.

Всушност нема зошто да се грижиш. Процесот за аплицирање не е ниту тежок, ниту страшен. Ние ќе се погрижиме да ги пополниме сите потребни формулари наместо тебе, ќе ти кажеме за потребните документи за интервјуто за виза, ќе ти закажеме термин и ќе те информираме кој ден и во колку саат треба да отидеш на интервју.
Во неделата пред твоето интервју, ќе те поканиме во нашата канцеларија за да ти објасниме подетално за целиот процес – од влегувањето во амбасадата и поминување низ обезбедувањето, до предавање на документите и давање на отпечатоци од прстите, како и за самото интервју. Ќе поразговараме за сите прашања, кои те загрижуваат, ќе ти раскажеме за работите за коишто знаеме и ќе го споделиме нашето искуство. Лесно е! Од тебе бара смиреност, позитивен став и пуштање во акција на твоето познавање на англиски јазик.

Адреса на Американската амбасада: ул. Самоилова бр.21, 1000 Скопје