Grand Lake Lodge - Grand Lake Colorado

За работодавачот
Grand Lake Lodge се наоѓа во националниот парк Rocky Mountain и е еден од работодавачите со кој соработуваме повеќе од 10 години и каде студентите се враќаат да работат неколку лета по ред поради поволните услови за сместување и обезбедена храна од страна на работодавачот. Оваа работна понуда е за сите што ја сакаат природата, се љубители на планинските пејсажи и ги привлекуваат спортовите како: планинарење, пешачење, кајакарење, возење велосипед низ стрмните терени, лов и риболов и слични активности. Нивниот слоган е "A View You Won't Forget", кој потекнува од прекрасната местоположба во самиот град, со поглед кон двете езера - Grand Lake и Shadow Mountain Lake. Ќе имаш можност да уживаш во сите убавини што ги нуди ова прекрасно место!

Локација
Grand Lake, Colorado се наоѓа во близина на Denver и на познатиот национален парк Rocky Mountain. Познатите ски-центри Aspen, Beaver Creek, Vail исто така се наоѓаат во близина Grand Lake како места што треба да ги посетите додека сте таму. Grand Lake е еден од најпосетените градови за време на летниот период и претставува топ дестинација за сите љубители на природата и планинските спортови. На само 160км од местото каде ќе работиш се наоѓа главниот град на Colorado - Denver, градот кој претставува спој помеѓу повеќе култури и изобилува со шопинг центри, знаменитости, музеи и слично, кој секој студент треба да го посети за време на престојот во САД.

Зошто да работиш таму
– работодавачот со години вработува студенти од Македонија и балканот;
– ќе имаш сместување и 3 оброци на ден обезбедени од страна на работодавачот;
– сместувањето се наоѓа во близина од неколку стотина метри од работата;
– другите ресторани и хотели се наоѓаат на само 10-15 минути пешачење од сместувањето;
– ќе имаш можности да си најдеш втора работа;

Какви знаменитости има во регионот
Ако го избереш овој работодавач ќе можеш да ги посетиш - Denver (како и околните попознати градови и места), Los Angeles, Las Vegas, San Diego, San Francisco, бидејќи местоположбата ти дава можност да го посетиш " West Coast" но и "East Coast" доколку планираш да леташ назад од New York. Сè во едно лето! Зарем ова не е доволна причина да го избереш како твој примарен работодавач.

Busser

Почетни датуми: 25 мај - 15 Јуни
Крајни датуми: 15 сеп – 30 сеп
Сместување: $50 на седмица
Бакшиш: да
Локација: Grand Lake, CO

$8.98 на час + бакшиш

Опис на позицијата: Расчистување на масите, поставување нов прибор, полирање на чаши, асистенција на келнерите и друго
Особености: Mожност за прекувремени часови, можност за втора работа, сте сместени само на неколку метри до работата.

Hostess

Почетни датуми: 25 мај - 15 Јуни
Крајни датуми: 15 сеп – 30 сеп
Сместување: $50 на седмица
Бакшиш: да
Локација: Grand Lake, CO

$12.00 на час + бакшиш

Опис на позицијата: Пречекување на гостите во ресторанот, нивно сместување, објаснување на менито, примање нарачќи по телефон, асистенција на келнерите и друго.
Особености: Mожност за прекувремени часови, можност за втора работа, сте сместени само на неколку метри до работата.

Prep Cook

Почетни датуми: 25 мај - 15 Јуни
Крајни датуми: 15 сеп – 30 сеп
Сместување: $50 на седмица
Бакшиш: не
Локација: Grand Lake, CO

$12.00 на час

Опис на позицијата: Работа во кујна, потготовка, сецкање, припремање на храна за клиентите или главните готвачи. Се грижи за чистотата на работното место.
Особености: Mожност за прекувремени часови, можност за втора работа, сте сместени само на неколку метри до работата.

Housekeeper

Почетни датуми: 25 мај - 15 Јуни
Крајни датуми: 15 сеп – 30 сеп
Сместување: $50 на седмица
Бакшиш: да
Локација: Grand Lake, CO

$12.00 на час + бакшиш

Опис на позицијата: Чистење и подредување на хотелски соби и на соседните територии како ходници и скали. Се бара внимание кон детали. Често се добива и бакшиш.
Особености: Mожност за прекувремени часови, можност за втора работа, сте сместени само на неколку метри до работата.