Dave & Busters - Orlando Florida

За работодавачот
Dave & Busters се наоѓа во градот Orlando во државата Florida. Градот Orlando е еден од најпознатите и најпосетуваните во САД после Miami, како дестинација каде се наоѓа познатиот парк Disneyland, Universal Studios и многу други водни и забавни паркови како и други познати знаменитости. Dave & Busters е еден од најдинамичните и најинтересните работодавачи кои сме ги имале во последните неколку години, бидејќи работата таму е секогаш исполнета со изненадувања, забава, спортски натпревари, arcade игри, како и многу други интересни и возбудливи случувања. Овој работодавач нуди разновидност од позиции како: помошници келнери, келнери, хостеси, разнесувачи на храна(food runners), помошници готвачи, и други. Студентите ќе имаат можност за добивање на добар бакшиш. Овој работодавач се наоѓа на само 3 часа од Miami и уште неколку часа до Key West како една од најпознатите дестинации и последна точка во САД од каде што се оди со брод до Cuba. Избирајќи го овој работодавач студентите ќе имаат можност да ги посетат овие два извонредни градови како и многу други и да уживаат во секојдневните забави. Исто така ќе можат студентите да уживаат во прекрасните плажи на Miami Beach, да возат ролери или велосипед на познатиот "boardwalk" или да вежбат во познатиот Gold's Gym. Градовите Orlando и Miami се најпосетени градови преку цела година а поготово за познатиот "Sprint Break", кога е вистинска лудница од луѓе и забава. Не ја пропуштај можноста да уживаш во сите убавини што ги нудат овие прекрасни места!

Локација
Orlando, Florida се наоѓа во јужниот дел на Florida и во близина на познатите градови Miami, Tampa, Fort Lauderdale, Boca Raton како и на други помали градови кои се исто така познати. Orlando е еден од најпосетените градови за време на летниот период од страна на фамилии и поединци, бидејќи претставува топ дестинација за сите љубители на водените и забавните паркови. Градот изобилува со шопинг центри, знаменитости, музеи и слично, кој секој студент треба да го посети за време на престојот во САД.

Зошто да работиш таму
– работодавачот вработува студенти од Македонија и балканот;
– ќе имаш сместување обезбедено од страна на работодавачот;
– сместувањето се наоѓа во близина на работата;
– другите ресторани и хотели се наоѓаат на само 20-25 минути пешачење од сместувањето;
– ќе имаш можности да си најдеш втора работа;

Какви знаменитости има во регионот
Ако го избереш овој работодавач ќе можеш да ги посетиш - Miami, Key West (како и околните попознати градови и места), a бидејќи местоположбата ти дава можност да ги посетиш и "East Coast" градовите како Washington DC, New York, Philadelphia, Boston ти препорачуваме да го направиш тоа уште првата година додека си во САД. Зарем ова не е доволна причина да го избереш како твој примарен работодавач.

Busser

Почетни датуми: 15 мај - 15 јуни
Крајни датуми: 05 сеп – 20 сеп
Сместување: $100 на седмица
Бакшиш: да
Локација: Orlando, FL

$5.03 на час + бакшиш

Опис на позицијата: Расчистување на масите, поставување нов прибор, полирање на чаши, асистенција на келнерите и друго
Особености: Mожност за прекувремени часови, можност за втора работа.

Hostess

Почетни датуми: 15 мај - 15 јуни
Крајни датуми: 05 сеп – 20 сеп
Сместување: $100 на седмица
Бакшиш: не
Локација: Orlando, FL

$12.00 на час

Опис на позицијата: Пречекување на гостите во ресторанот, нивно сместување, објаснување на менито, примање нарачќи по телефон, асистенција на келнерите и друго.
Особености: Mожност за прекувремени часови, можност за втора работа.

Server

Почетни датуми: 15 мај - 15 јуни
Крајни датуми: 05 сеп – 20 сеп
Сместување: $100 на седмица
Бакшиш: да
Локација: Orlando, FL

$5.03 на час

Опис на позицијата: Служење на клиентите, примање на порачки, сервирање пијалоци и храна. Се грижи за чистотата на работното место.
Особености: Mожност за прекувремени часови, можност за втора работа.

Food runner

Почетни датуми: 15 мај - 15 јуни
Крајни датуми: 05 сеп – 20 сеп
Сместување: $100 на седмица
Бакшиш: да
Локација: Orlando, FL

$10.00 на час

Опис на позицијата: Работата вклучува носење на храна од кујна до келнерите, дополнување на салати и десерти. Се грижи за чистотата на работното место.
Особености: Mожност за прекувремени часови, можност за втора работа.