ВРАЌАЊЕ НА ДАНОЦИ ОД САД

КАКВИ ДАНОЦИ ПЛАЌАМ КОГА РАБОТАМ ВО АМЕРИКА?

Стандардно секој кој работи во САД плаќа данок на доход на американската држава. Износот се утврдува од федералните, државните и локалните власти и правилата кои тие ги имат пропишано. Основните даноци се:

Федерален данок на доход (Federal Tax) – обично е околу 10% од твојата заработка и се плаќа на федералната даночна служба (IRS).
Државниот данок на доход (State Tax) е помеѓу 2% и 8% и се плаќа на даночната служба на државата во која работиш. Неколку држави процениле да не наметнуваат воопшто таков данок – Аљаска, Флорида, Невада, Тексас, Јужна Дакота, Вашингтон, Вајоминг, Њу Хемпшир и Тенеси.

Локалните даноци (Local tax) се плаќаат само во определени населени места како Њујорк, некои градови во Њу Џерси, Охајо и др. и ретко надминуваат 1-2% од твојот доход.

Социјалните и здравствени осигурувања (Social Security Tax and Medicare Tax или FICA) се друг вид одбивања. Според даночните одредби учесниците во културни програми се ослободени од нивно плаќање. Можеш да си ги побараш од твојот работодавач на лице место или откако се вратиш од страна на даночната служба. Ако си ги почитувал условите на програмата и ги чуваш потребните документи, американската даночна служба ќе ти ги ја врати целосно сумата. Во случај кога си со друг тип виза, тогаш осигурувањата не се враќаат.

КАКОВ TAX REFUND МОЖАМ ДА ДОБИЈАМ?

Даноците платени од тебе преку летото во САД, се враќаат соодветно од федералните и државните даночни служби. Тие го одобруваат износот на сумата којашто ќе ја добиеш. На крај на годината се прави повторно пресметување на твојата заработка наспроти платените даноци и во повеќето случаи се доаѓа до заклучок дека си платил доста повеќе од колку што би требало. Надплатениот износ ти се враќа во вид на чек на твое име или директно на твојата американска сметка.

СО ШТО МОЖЕМЕ ДА ТИ ПОМОГНЕМЕ?

За да си ги вратиш надплатените даноци ќе треба да поднесеш даночна декларација. Би можел да го направиш тоа сам, така што ќе треба да испратиш декларација до секоја од даночните служби во хартиена форма или да ги искористиш услугите на агенција. За да ти олесниме, ти нудиме точна калкулација на сумата за враќање, да подготвиме проект на твојата декларација, да ја испратиме потпишаната од тебе декларација и да ја следиме нејзината обработка кај даночните служби. Ако имаш своја сметка во САД, ќе си ги добиеш вратените даноци директно на нејзе. Ако ја претпочиташ опцијата со чек, тој ќе ти пристигне на една од нашите службени адреси и ќе ти го предадеме веднаш.

ЗОШТО СО ВИКИНГ?

 

Не користиме посредници

Ние не користиме посредници, а се посветуваме целосно со процесот на враќање на твоите даноци. Нашиот специјализиран оддел се грижи за навремена обработка и почитување на сите даночни правила. Добиваш професионална и брза услуга од нашите експерти, кои ги подготвуваат твоите документи преку специјално развиен софтвер.

3 канцеларии на твое располагање

Можеш да се обратиш директно кон консултант во избраната од тебе канцеларија, којшто ќе ти објасни за сите детали околу враќањето на твоите даноци, да одговори на сите твои прашања и лично да го следи процесот за тебе.

Го правиме повеќе од 15 години

Веќе 15 години ги подготвуваме и испраќаме даночните декларации на студентите кои учествувале во Work and Travel USA, Internship и други слични програми. Стекнатото искуство ни дава сериозна база на знаење за различни случаи и нивно најдобро решавање. Така обезбедуваме квалитетна консултација и брза услуга.

Таксата ни е фиксна

Услугата ни е со фиксна цена – одредена е однапред и не претставува процент од вратената сума. Нема да ти наплаќаме ни дополнителни такси за банкарски трансфер или курир. Знаеш точно што да очекуваш и нема изненадувања.

 

КОЛКУ ЧИНИ?

ШТО МИ Е ПОТРЕБНО?

За да се пресмета сумата за враќање и да се подготви твојата декларација, е потребно:

ПОСЛЕДЕН PAYCHECK ИЛИ W-2 ФОРМА

Т.нар. paycheck или payslip е документот кој го добиваш со секоја плата, независно дали ти е префрлена на сметка или ти е издаден чек. На него се опишани заработените пари и задржаните даноци до моментот. Ако си работел кај повеќе од еден работодавач, потребно е да доставиш последен paycheck за секој од нив.
W-2 формуларот се издава од работодавачот дури по крајот на годината и во него е опишано какви примања си добил од него и какви даноци ти има задржано оваа година. Негова обврска е да ти го испрати W-2 во периодот од 01-31 јануари следната година. Ако си работел кај повеќе од еден работодавач, потребно е да имаш W-2 форма издадена од секој од нив.
За пресметка на твојот tax refund е доволен твојот последен paycheck, а за поднесување на даночната декларација се препорачува користење на W-2 формуларот. Ако сепак имаш проблеми со неговото добивање, не грижи се – во повеќето случаи последниот paycheck може да заврши исто така работа. Одделно се повеќе работодавачи го воведуваат прикачувањето на W-2 формуларите на специјализирани сајтови. Ако си работел за голема компанија со илјадници вработени, има голема веројатност твојата W-2 да е на еден „клик” растојание. Обрати се кон нашите консултанти за повеќе детали.

SOCIAL SECURITY CARD

Се издава од Social Security Administration во почетокот на твојот престој во САД. Бројот на оваа картичка се користи од IRS (Американската даночна администрација), за да те идентификува. Ако си ја загубил, оштетил или воопшто не си ја добил картичката, јави се во некоја од нашите канцеларии за помош.

ПАСОШОТ, СО КОЈ СИ ПАТУВАЛ ВО САД

За поднесување на декларацијата е потребно да се достави копија на пасошот и визата со која си патувал, како и да се посочат датумите на влез и излез од државата.

КАКО СЕ ОДВИВА?

Всушност за да си ги добиеш назад парите не е потребно да правиш којзнае што – во ВИКИНГ можеме да ја завршиме целата работа за тебе, без разлика со која агенција си патувал на Work and Travel. Нашите експерти ќе ја пополнат твојата даночна декларација по најдобриот и се разбира – легитимен начин и ќе ти гарантираат враќање на износот кој е надплатен од тебе.
Во ВИКИНГ добиваш целосна асистенција со максимално олеснета услуга и фиксна цена. За тебе сè е лесно и транспарентно. Започнуваме со пресметка на сумата која што можеш да си ја вратиш. За да разбереш каков ќе биде твојот Tax Refund, донеси ни или испрати ги по e-mail W-2 или последниот paycheck од секој работодавач. Нашите консултанти ќе ја направат веднаш твојата калкулација. Бесплатно. Калкулацијата се врши претходно и е направена на база од информација која е доставена од тебе и валидните до моментот даночни правила и ставки.
Ако сакаш да ти помогнеме за враќање на тие даноци, поднеси ги потребните документи во наша канцеларија. Од тука задачата се превзема од нашите експерти – ќе ја подготвиме и испратиме твојата даночна декларација во рок од еден ден. Ќе ја следиме одблизу нејзината обработка од американските даночни служби, во принцип тоа трае во просек 8-10 недели, а за некои држави рокот е и подолг.
Кога сумата ќе биде одобрена, даночните служби ќе ти испратат чек или ќе направат трансфер на твоја сметка. Стандардната опција за добивање на твоите данови од САД е во формата на личен чек. Тој се издава од даночните служби на твое име и пристига за околу 2-4 недели од одобрувањето. Можеш да ја избереш и побрзата опција, при која даночните служби ја префрлуваат сумата директно на твојата банкарска сметка во Америка. Тоа одзема средно 1-2 недели од одобрувањето.