Buffalo Phil's Pizza & Grille - Lake Delton Wisconsin

За работодавачот
Buffalo Phil's Pizza & Grille се наоѓа во градот Lake Delton во државата Wisconsin. Градот Lake Delton заедно со Wisconsin Dells се најпознатите места и најпосетуваните во САД како дестинации со најмногу отворени и затворени забавни и водни паркови. Buffalo Phil's Pizza & Grille е еден од работодавачите со кој соработуваме подолго време и каде студентите се враќаат да работат неколку лета по ред поради поволните услови за сместување и обезбеден еден оброк на смена од страна на работодавачот. Овој работодавач нуди разновидност од позиции како: помошници келнери, хостеси, помошници готвачи, главни готвачи, пица мајстори и други. Студентите ќе имаат можност за повеќе работни часови како и фиксни смени за целиот период од летото. Овој работодавач се наоѓа на само 3 часа од Чикаго и час и половина од Милвоки, така што студентите ќе имаат можност да ги посетат овие два извонредни градови како и да уживаат во секојдневните забави и лудории во водените и забавните паркови. Исто така ќе можат да возат кајак, велосипед, да отидат на лов и риболов и слични активности. Градовите Wisconsin Dells и Lake Delton се прогласени за "Water Capitols of the World" поради огромниот број на водни и забавни паркови на нивната територија. Не ја пропуштај можноста да уживаш во сите убавини што ги нудат овие прекрасни места!

Локација
Lake Delton, Wisconsin се наоѓа во близина на Chicago, Milwaukee, Baraboo како и на други помали градови кои се познати. Познатите големи езера како Lake Michigan, Lake Superior, Lake Erie се исто така оддалечени само на неколку часови. Lake Delton и Wisconsin Dells се едни од најпосетените градови за време на летниот период од страна на фамилии и поединци, бидејќи претставува број еден дестинација за сите љубители на водените и забавните паркови. На 300км од местото каде ќе работиш се наоѓа главниот град на Illinois - Chicago, градот кој претставува спој помеѓу повеќе култури и изобилува со шопинг центри, знаменитости, музеи и слично, кој секој студент треба да го посети за време на престојот во САД.

Зошто да работиш таму
– работодавачот со години вработува студенти од Македонија и балканот;
– ќе имаш сместување и еден оброк на смена обезбедени од страна на работодавачот;
– сместувањето се наоѓа во близина на работата;
– другите ресторани и хотели се наоѓаат на само 10-15 минути пешачење од сместувањето;
– ќе имаш можности да си најдеш втора работа;

Какви знаменитости има во регионот
Ако го избереш овој работодавач ќе можеш да ги посетиш - Chicago, Milwaukee (како и околните попознати градови и места), a бидејќи местоположбата ти дава можност да ги посетиш " West Coast" но и "East Coast" ти препорачуваме да го направиш тоа уште првата година додека си во САД. Сè во едно лето! Зарем ова не е доволна причина да го избереш како твој примарен работодавач.

Busser

Почетни датуми: 15 мај - 30 мај
Крајни датуми: 04 сеп – 30 сеп
Сместување: $95 на седмица
Бакшиш: да
Локација: Lake Delton, WI

$7.25 на час + бакшиш

Опис на позицијата: Расчистување на масите, поставување нов прибор, полирање на чаши, асистенција на келнерите и друго
Особености: Mожност за прекувремени часови, можност за втора работа, сте сместени на мало растојание до работата.

Hostess

Почетни датуми: 15 мај - 30 мај
Крајни датуми: 04 сеп – 30 сеп
Сместување: $95 на седмица
Бакшиш: не
Локација: Lake Delton, WI

$9.00 на час

Опис на позицијата: Пречекување на гостите во ресторанот, нивно сместување, објаснување на менито, примање нарачќи по телефон, асистенција на келнерите и друго.
Особености: Mожност за прекувремени часови, можност за втора работа, сте сместени на мало растојание до работата.

Prep Cook

Почетни датуми: 15 мај - 30 мај
Крајни датуми: 04 сеп – 30 сеп
Сместување: $95 на седмица
Бакшиш: не
Локација: Lake Delton, WI

$9.00 на час

Опис на позицијата: Работа во кујна, потготовка, сецкање, припремање на храна за клиентите или главните готвачи. Се грижи за чистотата на работното место.
Особености: Mожност за прекувремени часови, можност за втора работа, сте сместени на мало растојание до работата.

Pizza maker

Почетни датуми: 15 мај - 30 мај
Крајни датуми: 04 сеп – 30 сеп
Сместување: $95 на седмица
Бакшиш: не
Локација: Lake Delton, WI

$9.00 на час

Опис на позицијата: Работа во кујна, правење пици, сецкање, припремање на храна за клиентите или главните готвачи. Се грижи за чистотата на работното место.
Особености: Mожност за прекувремени часови, можност за втора работа, сте сместени на мало растојание до работата.