Avenue Le Club Restaurant and Night Club

За работодавачот
Avenue Le Club Restaurant and Night Club е еден од најдобрите ресторани на источниот брег во Long Branch, New Jersey. Ресторанот, ноќниот клуб се наоѓаат на Атлантскиот океан, чијашто плажа е приватна и е само за гостите на ресторанот. Ќе имаш можност да уживаш во прекрасните песочни плажи, луксузниот амбиент, сонце и многу забава!

Локација
Long Branch, New Jersey се наоѓа на брегот на Атлантскиот океан и е оддалечен 80км од централен New York. Тој е еден од најпосетените градови од локалното население на New Jersey city и New York, како топ летна дестинација преку викенд, каде што настапуваат многу светски познати ДЏ-ји во ноќниот клуб Avenue Nuit. Многу познати личности се гости во ресторанот, ноќниот клуб и приватната плажа. А на само 80км од местото каде ќе работиш се наоѓа "The big apple" - New York, градот кој мора секој студент да го посети и доживее барем еднаш за време на престојот во САД.

Зошто да работиш таму
– работодавачот со години вработува меѓународни студенти и ќе имаш можност да си во тим со луѓе од дел свет;
– ќе имаш сместување обезбедено од спонзорот, во целосно опремена куќа со над 20 интернационални студенти, која се наоѓа на 1км од работата;
– рестораните и бутиците се на неколку минути пешачење од работата и местото каде живееш – нешто кое не се случува често во САД;
– ќе имаш можности да си најдеш втора работа;

Какви знаменитости има во регионот
Ако го избереш овој работодавач ќе можеш да ги посетиш - New York (барем неколку пати), Boston, Washington DC, Philadelphia, како и вториот по големина град со 24 часовна забава Atlantic City, но и бескрајните песочни плажи и туристички места на источниот брег.

Busser

Почетни датуми: 25 мај - 15 Јуни
Крајни датуми: 5 сеп – 15 сеп
Сместување: $105 на седмица
Бакшиш: да
Локација: Long Branch, NJ

$5.00 на час + бакшиш

Опис на позицијата: Расчистување на масите, поставување нов прибор, полирање на чаши, асистенција на келнерите и друго
Особености: Mожност за втора работа, кратко пешачење до работата.

Beach Person

Почетни датуми: 25 мај - 15 Јуни
Крајни датуми: 5 сеп – 15 сеп
Сместување: $105 на седмица
Бакшиш: да
Локација: Long Branch, NJ

$7.25 на час + бакшиш

Опис на позицијата: Асистенција на келнерите на приватната плажа, чистење на маси, поставување лежалки и чадори и друго.
Особености: Mожност за втора работа, кратко пешачење до работата

Server

Почетни датуми: 25 мај - 15 Јуни
Крајни датуми: 5 сеп – 15 сеп
Сместување: $105 на седмица
Бакшиш: да
Локација: Long Branch, NJ

$5.00 на час + бакшиш

Опис на позицијата: Служење на клиентите, примање на порачки, сервирање пијалоци и храна. Се грижи за чистотата на работното место.
Особености: Mожност за втора работа, кратко пешачење до работата.