Моето WAT лето во Wisconsin и Chicago

Мартин Николоски

Американ Колеџ Скопје

Ќе започнам со голема благодарност до тимот на Викинг во Скопје дека ми дадоа можност да ја остварам една од моите најголеми желби – да ја посетам Америка.
За моето Work and Travel USA лето го избрав Mt. Olympus Water Park & Theme Park Resort бидејќи ми изгледаше како одлична комбинација од работа и забава заедно. Колку што работев во нивните резервациски канцеларии, толку уживав во парковите. Работев на рецепција во еден од хотелите на Mt. Olympus Water Park & Theme Park Resort и имав прекрасно искуство затоа што бев во постојан контакт со колегите и менаџерите, а воедно и гостите што престојуваа во хотелот.
Имав должности да ги пријавам (check in) и да ги одјавам (check out) гостите од хотелот, да им помагаме со навигација во паркот, а воедно и целиот резорт. Работев од 30 до 40h неделно и на крајот од програмата имавме голем бонус кој се состоеше од 1 долар за секој одработен час во текот на програмата.
Mt. Olympus Water Park& Theme Park Resort го препорачувам бидејќи е еден од најголемите водени паркови во Wisconsin со најголем избор на различни работни позиции во склоп на резортот. Додека пак front desk позицијата ја препорачувам на сите кои сакаат комуницираат со луѓе и зборуваат многу добро англиски. Воедно, би го препорачал и Wisconsin Dells бидејќи беше еден од најбезбедните градови каде што сум бил за време на мојот престој во Америка, но и еден од најзабавните.

1p1a9156
go-to-new-york
storii1big
lasvegas

За време на програмата, со моите колеги имавме повеќе еднодневни мини екскурзии во блиските градови како Madison, Milwaukee, Chicago. По завршувањето на програмата имав доволно време да прошетам и да се запознаам повеќе со американската култура.
Големите пријателства што ги стекнав таму ќе останат незаборавени бидејќи стекнав пријателства со премногу студенти од различни држави од целиот свет со кои ден денес контактирам и планирам да се видам во блиска иднина. Многу би сакал повторно да се вратам во Wisconsin Dells бидејќи најдобрите спомени во животот ми се од тој град.
А Work and Travel USA програмата ја препорачувам на секој студент кој има можност без двоумење да учествува и да ја посети Америка барем еднаш.