ДОЖИВЕЈ ЈА АМЕРИКА

Ние знаеме како да ти помогнеме да го направиш тоа со програмата Work and Travel USA!

Гледаш американски филмови, слушаш американска музика, носиш американски марки облека, користиш телефони, разработени од американски компании, си слушал безброј разкази од луѓе, кои веќе биле таму или имаат блиски, кои живеат таму и сметаш дека знаеш многу работи за САД. Но вистински можеш да ја запознаеш таа огромна земја по територија, која ја надминува за 100 пати површината на Македонија, единствено ако и ти самиот се потопиш во американската реалност.

5 ПРИЧИНИ ДА ЈА ДОЖИВЕЕШ АМЕРИКА СО WORK AND TRAVEL USA

- Ќе живееш пет месеци во Америка – доволно време за да ја прошеташ целата со твоите пријатели и да се вклопиш во нивната средина и да бидеш како американците.

- Ќе заработиш – доволно пари за да си ги покриеш трошоците, да прошеташ и купиш многу работи.

- Ќе добиеш полесно виза – за тебе гарантира американски спонзор а самата програма со која ќе патуваш е создадена од Државниот департмент на САД.

- Ќе запознаеш луѓе од цел свет, ќе се забавуваш и создадеш пријателства, кои може да ти останат за цел живот.

- Ќе си додадеш бесценето искуство во твоето CV - искуството надвор од Македонија се цени повеќе од работодавачите. А и твоето ниво на владеење на англискиот јазик ќе се подобри или усоврши со сигурност.

ПРИЧИНИ ДА ЈА ДОЖИВЕЕШ АМЕРИКА СО ВИКИНГ

- Сите од тимот на Викинг биле барем еднаш во Америка, а многу од нас биле таму и над 4 пати. Самите ние го имаме доживеано тоа, кое ти го нудиме да го направиш, верувајќи дека вреди.

- Повеќето од нашите учесници во Work and Travel USA програмата се запишуваат за истата барем два пати за време на своите студии. Имаме огромно искуство и знаеме како да ти го направиме патот кон Америка и твојата авантура таму лесни и пријатни.

- Вкупниот број на студенти, кои сме ги испратиле преку годините на програмата во САД, го надминува бројот на студентите во некои од поголемите универзитети во Македонија. Веруваме дека тоа е признание за добро завршена работа и задоволни клиенти.

- Ние ти гарантираме најдобра цена и најдобри услови за програмата. И нешто повеќе – избирајќи Викинг, ќе можеш да заминеш и да платиш кога ќе се вратиш од САД – специјалниот кредит на НЛБ банка само за клиентите на Викинг ти ја дава таа можност.

- Ние ќе ти понудиме најголем избор од проверени работни понуди – разновидни позиции кај едни од најдобрите работодавачи во Америка.

ЗАПИШИ СЕ ДО 15 ДЕКЕМВРИ

ЗА ДА МОЖЕШ ДА ИЗБЕРЕШ ПОМЕЃУ ПОВЕЌЕ РАБОТНИ ПОНУДИ И СРЕДБИ СО АМЕРИКАНСКИ РАБОТОДАВАЧИ

00

денови


00

саати


00

минути


00

секунди


Посети една од нашите канцеларии и донеси:

  • Лична карта
  • Студентски индекс
  • Депозит од 1990 денари